Матис: САД се спремни за турско-американска воена соработка во Менбич во Сирија

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис истакна дека турските и американските делегации оваа недела ќе се состанат во седиштето на американската Европска команда (ЕУКОМ) во германскиот град Штутгарт и ќе разговараат за имплементацијата на планот

990623
Матис: САД се спремни за турско-американска воена соработка во Менбич во Сирија

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во секретаријатот за одбрана Пентагон се состана со претставниците на печатот и притоа истакна дека САД се спремни за турско-американска воена соработка во подрачјето на Менбич во Сирија. 

Матис информираше по прашањето на Менбич во врска со што истакна дека турските и американските делегации оваа недела ќе се состанат во седиштето на американската Европска команда (ЕУКОМ) во германскиот град Штутгарт и ќе разговараат за имплементацијата на планот.

„Подготвени сме на соработка на предниот фронт. Тоа започнува од меѓусебно познавање и знаење за тоа каде сме.“ - рече Матис.

Велејќи дека првенствено ќе започнат патролите на двете страни на границата, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис додаде дека потоа ќе можат да се реализираат заеднички патролирања во Менбич.



Слични вести