Уште една остра реакција на Ердоган против затворањето на џамиите во Австрија

Затворањето на една џамија во Австрија, депортирањето на муслиманите ќе предизвика крстоносна војна и ти ќе бидеш одговорен за истата

990280
Уште една остра реакција на Ердоган против затворањето на џамиите во Австрија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш и остро и се спротивстави на Австрија која ги затвора џамиите и ги протерува муслиманските свештеници.

Синоќа претседателот Ердоган учествуваше на програмата во истанбулската населба Есенлер којас е одржа по повод одбележувањето на светата ноќ Лејлетул-Кадр (Ноќта на кадр).

Ердоган во говорот во оваа прилика му се обрати на австрискиот премиер Себастијан Курц и рече:

„Затворањето на една џамија во Австрија, депортирањето на муслиманите ќе предизвика крстоносна војна и ти ќе бидеш одговорен за истата“.

„Мојата порака не се однесува само на Австрија, туку на цел Запад“ подвлече Ердоган и додаде:

„Кога го велам ова, не и се обраќам само на Австрија, туку на целиот Запад. Еј Запад, на чело со Германија, преземете ги потребните мерки и освестете го овој човек. Доколку не го направите тоа, тогаш овој настан може да прерасне во крстоносна војна. Бидејќи и ние според нас имаме свои луѓе. Гледано од тој аспект, нема да дозволиме да вршите зулуми над 250 илјади наши браќа. Што е потребно тоа ќе се направи.

Исто така нема никаква разлика во свеста меѓу прогонството на муслиманите од Аракан и затворањето на џамиите во срцето на Европа“ рече Ердоган.

На вчерашната молитва учествуваа над 100 илјада лица.



Слични вести