Сојлу: Кандил сега е блиска цел за нас и прашање на тајминг

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека Турција во секој момент би можела да влезе во подрачјето на Кандил, терористичкото гнездо на северот на Ирак

989278
Сојлу: Кандил сега е блиска цел за нас и прашање на тајминг

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во програмата на еден приватен телевизиски канал направи проценка на операциите против терористичките операции кои што се реализираат против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел ан Ирак.

Сојлу истакна дека Турција во секој момент би можела да влезе во подрачјето на Кандил, терористичкото гнездо на северот на Ирак.

Нагласувајќи дека Турските вооружени сили (ТВС) во последните денови им нанесуваат тешки удари на терористите во подрачјето на планината Кандил, министерот Сојлу рече: „Кандил сега е блиска цел за нас и прашање на тајминг.“

Сулејман Сојлу напомена дека Кандил истовремено е значаен од аспект на тоа што е место каде што и меѓународните сили ја поддржуваат терористичката организација, а воедно нагласи дека лица кои доаѓаат од различни земји на светот а поготово Американците им даваат обука на терористите на ПКК во подачјето, со нив разговараат и склучуваат договори.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: „Освен тоа Кандил е психолошки центар. Ние би го зазеле Кандил тогаш кога ќе посакаме и од моментот кога ќе го поскааме тоа. Во мошне блиско време Турција ќе ги види нашите јунаци на Кандил и тоа за нас претставува прашање на тајминг.“



Слични вести