Претседателот Ердоган и јорданскиот крал Абдулах втори разговараа телефонски

Во телефонскиот разговор стана збор за билатералните односи и актуелни регионални прашања

989326
Претседателот Ердоган и јорданскиот крал Абдулах втори разговараа телефонски

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со јорданскиот крал Абдулах втори.

Во телефонскиот разговор стана збор за билатералните односи и актуелни регионални прашања.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција му придава големо значење на економскиот просперитет на Јордан, а воедно му посака успех на Омер ер-Резаз кој беше назначен за мандатор за составување на нова влада во оваа земја.

Двајцата лидери повторија дека ќе вложуваат напори за зачувување на статусот на Ерусалим.

Претседателот Ердоган и јорданскиот крал Абдулах втори во телефонскиот разговор ја дадоа и пораката дека ќе бидат уште повеќе зајакнати билатералните односи помеѓу Турција и Јордан.



Слични вести