Јилдирим: Одлуката на Австрија за затворање на џамии е спротивна на универзалните правни норми

Премиерот Бинали Јилдирим покажа остра реакција на одлуката на Австрија за затворање на 7 џамии и истакна дека кај истата постои непријателство кон исламот и непријателство кон религијата

989216
Јилдирим: Одлуката на Австрија за затворање на џамии е спротивна на универзалните правни норми

Премиерот Бинали Јилдирим во програмата на еден телевизиски канал одговараше на прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Јилдирим покажа остра реакција на одлуката на Австрија за затворање на 7 џамии и истакна дека во оваа одлука  постои непријателство кон исламот и непријателство кон религијата.

Бинали Јилдирим рече дека одлуката е спротивна на универзалните правни норми, вредностите на Европската унија (ЕУ) и правата на малцинствата.

Премиерот Јилдирим информираше и з копненатаа операција која што ја реализираат безбедносните сили во северниот дел на Ирак во врска со што рече: „Елементите на нашите вооружени сили се распоредени на површина од 300 квадратни километри и на длабочина од 30 километри од нашата граница со северот на Ирак. Може да се оди и во Кандил и во Махмур и во Синџар. За нас не е значајно тоа каде ќе се оди. Онаму каде се наоѓа заканата, онаму од каде што ни наштетува тероризмот тие места се наша цел.“ 

Премиерот Бинали Јилдирим синоќа учествуваше и на една ифтарска програма во Анкара и во говорот што го одржа во оваа пригода се осврна на плановите на империјалистичките сили кон регионот.

Јилдирим рече: „Империјалистичките сили имаат големи планови. Нивна цел е да ја ослабат Турција која е осигурувач и гарант за регионот и со разгорување уште повеќе на хаосот во регионот, во палестина, Сирија, Ирак, Јемен да ги експлоатира изворите во регионот. Целта е јасна. Затоа за жал не се воздржуваат од злоупотреба и на нашите курдски браќа.

 



Слични вести