Џаникли: Нема да има доцнење или одолговлечување во патната карта за Менбич во Сирија

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли изјави во Брисел дека согласно постигнатиот компромис со САД нема да има доцнење или одолговлечување во патната карта за подрачјето на Менбич во Сирија

989153
Џаникли: Нема да има доцнење или одолговлечување во патната карта за Менбич во Сирија

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли по остварената средба со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во белгискиот главен град Брисел изјави дека согласно постигнатиот компромис со САД нема да има доцнење или одолговлечување во патната карта за подрачјето на Менбич во Сирија.  

Осврнувајќи се на донесените одлуки во врска со патната карта што ќе се применува по прашањето на Менбич, Џаникли рече: „Контролата на безбедноста и патролата во Менбич ќе се реализираат заедно од страна на Турција и САД. Примената ќе започне во најскоро време.“

Џаникли напомена дека доколку биде успешна патната карта за Менбич ќе биде ставен во примена нов метод кој што ќе може да се применува и во останатите области на Сирија.

Друг значаен наслов на средбата Џаникли-Матис во Брисел беше и предавањето на воените авиони Ф-35 од САД на Турција.

Велејќи дека не очекуваат доцнење во испораката, министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли рече: „Плативме повеќе од 800 милиони долари. Се предвидува да бидат купени вкупно 100 авиони. Тоа пак чини повеќе од 11 милијарди долари. Доколку вио врска со Ф-35 бидат поставени на дневен ред одлука и политика во спротивност со договорите ние секако ќе мораме да ги преземеме нашите мерки  и секако ќе се усмериме кон други потраги.“ 

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли направи проценка и во врска со системите за  противвоздушна одбрана С-400 кои ќе бидат купени од Русија во врска со што рече: „Ги дадовме сите видови гаранции по прашањето на тоа дека С-400 нема да претставуваат закана за елементите на НАТО.“

Осврнувајќи се и на борбата на Турција против тероризмот Џаники истакна дека на сите министри за одбрана вклучувајќи ги и Велика Британија и Франција на чело и со САД кои побарале посебна средба јасно им беше ставено до знаење дека Турција е одлучна во борбата против тероризмот. 

Џаникли рече: „Секое место каде што постои тероризмот претставува природна закана за Турциоја. Тоа важи за сите терористички гензда вклучувајќи ги и Синџар и подрачјето на Махмур во Ирак. Моментално се прави она кое што треба да се направи за исчистување на тероризмот од корен и ќе одиме до крај.“

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли информираше и за операцијата поддржана од воздух која што се реализира во северниот дел на Ирак во врска со што рече дека од март досега на северот на Ирак се неутрализирани повеќе од 500 терористи. 



Слични вести