Реакција од Ибрахим Калин на одлуката на Австрија за затворање на џамии

Портпаролот на претседателот Р. Т. Ердоган, Ибрахим Калин во споделената објава наТвитер ја критикуваше изјавата на австрискиот премиер Себастијан Курц кој рече дека ќе бидат затворени 7 џамии во земјата и ќе бидат депортирани некои имами (џамиски оџи)

988751
Реакција од Ибрахим Калин на одлуката на Австрија за затворање на џамии

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин покажа реакција против одлуката на Австрија за затворање на 7 џамии.

Калин во споделената објава на својата сметка на социјалната мрежа Твитер  ја критикуваше изјавата на австрискиот премиер Себастијан Курц кој рече дека ќе бидат затворени 7 џамии во земјата и ќе бидат депортирани некои имами (џамиски оџи). 

Калин напиша: „Затворањето на 7 џамии и депортирањето на некои имами од страна на Австрија под изнесување на разни измислени изговори е резултат на расистичкиот, дискриминаторскиот и популистичкиот бран против исламот во оваа земја.“

Портпаролот Ибрахим Калин ја изнесе и следната констатација: „Идеолошкиот став на австриската влада е во спротивност со универзалните правни норми, политиките за општествено усогласување, правото на малцинствата и со етиката на соживот. Треба апсолутно да се отфрли ваквото нормализирање и доведување во вообичаена состојба на антиисламизот и расизмот.“

Инаку, австрискиот премиер Себастијан Курц истакна дека е донесена одлука за затворање на 7 џамии во земјата под изговор дека се однесуваат во спротивност со законот за исламот.

 



Слични вести