Остра реакција од МНР на Турција против Австрија

Турското министерство за надворешни работи објави писмено соопштение со кое ја осуди одлуката на Австрија за затворање на 7 џамии и депортирање на голем број имами

988954
Остра реакција од МНР на Турција против Австрија

Од Турција продолжуваат да пристигнуваат остри реакции против одлуката на Австрија за затворање на 7 џамии и депортирање на голем број имами.

Турското министерство за надворешни работи ја осуди одлуката на Австрија за затворање на 7 џамии и во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Идеолошкиот став на австриската влада е во спротивност со универзалните правни норми, политиките за општествено усогласување, правото на малцинствата и со етиката на соживот.“

Во соопштението се вели дека на заедничката прес-конференција на австрискиот премиер Себастијан Курц на заедничката одржана прес-конференција со вицепремиерот Хајнц-Кристиан Штрахе и министерот за ЕУ во чиј состав се наоѓа Одделот за верски прашања Гернот Блумел беше нагласено дека нема да им се издава дозвола за престој на верските личности кои се испраќаат во Австрија од страна на Турција и се на задача во склопот на Австриско-турската исламска заедница и дека со жалење се дочекува изјавата за затворање на 7 џамии вклучувајќи и една џамија на турската заедница во оваа земја.

Во соопштението на министерството се одделува место на следниот израз: „Затворањето на 7 џамии и депортирањето на некои имами од страна на Австрија под разни измислени изговори е резултат на расистичкиот, дискриминаторскиот и популистичкиот бран против исламот во оваа земја.“

Во соопштението се вели дека се осудуваат австриските политичари на чело со премиерот Себастијан Курц кои наместо да водат борба против расизмот, непријателството кон исламот и странците и подемот на десничарскиот екстремизам водат активности за придобивање на политичка корист од овие загрижувачки случувања.

Во истото соопштение се подвлекува дека апсолутно треба да се отфрли ваквото нормализирање и доведување во вообичаена состојба на антиисламизмот и расизмот по што се додава следното: „Од друга страна, прифаќањето на овој вид дискриминаторски и популистички приод под водство на политичарите далеку од искуство и здрав разум претставува развој во својство на предвесник и на негативниот развој во склопот на подемот на антиисламизмот и расизмот во Европа. Тоа што една Австрија со ваков начин на сфаќање ќе го преземе привременото претседателствување со Европската унија (ЕУ) претставува несреќна ситуација и за ЕУ. Стои јасно дека оваа одлука која е во спротивност и со напорите за нормализирање на турско-австриските односи кои што се водат во последните емсеци особено помеѓу министерствата за надворешни работи, нема да биде во услуга и на напорите во правец на усогласувањето на турската заедница во Австрија.“



Слични вести