За три месеци на северот на Ирак се неутрализирани 155 терористи

За три месеци во операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) против терористичките кампови на северот на Ирак се неутрализирани 155 терористи и е исчистена од терористите површина од 400 квадратни километри

987884
За три месеци на северот на Ирак се неутрализирани 155 терористи

Во операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) која што продолжува веќе три месеци против камповите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, се неутрализирани 155 терористи и е исчистена од терористите површина од 400 квадратни километри. 

Турската војска просторот во должина од 23 километри на границата го исчисти од терористите и овде формира 11 бази-караули каде што под тешки теренски услови и презентира пример на 24 часовна ефикасна борба  против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и ги спречува обидите за префрлување во Турција преку границата. 

Во подрачјето каде што владеат тешки теренски и временски услови турската војска своите потреби од храна и муниција во овие формирани бази-караули понекогаш го обезбедува со моторни возила, понекогаш со хеликоптери, а понекогаш со товарен добиток.

Турската војска целосно ја воспостави контролата во подрачјето на Брадост каде што теренските услови се најтешки и кое ги опфаќа и камповите Хакурк и Армуш и Авашин-Басјан, Кани Раш, Бермизе и Сидекан, а кои се нарекуваат „логистички бази во позадината на фронтот“ на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Како што се дознава припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од овие наведени области се повлекле на планината Кандил и областа ја напуштиле и нејзините таканаречени високи раководители. 

Турската војска во ист момент го дава потребниот одговор на нападите и провоцирачкиот оган на терористите со што го зголемува своето влијание во подрачјето, а исто така во рамките на операциите кои што ги води во подрачјето кое го исчисти од терористите заплени и големи количини на експлозив, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби.

Од друга страна во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Ерух кај градот Сиирт се неутрализирани двајца терористи.

Операцијата на турските безбедносни сили во подрачјето продолжува.



Слични вести