Турските државјани во странство од денеска почнаа да гласаат за изборите на 24 јуни

Турските државјани во странство од денеска (7 јуни) почнаа да гласаат за изборите на 24 јуни во гласачките кутии поставени во 60 земји и 123 дипломатско-конзуларни претставништва на Турција

987588
Турските државјани во странство од денеска почнаа да гласаат за изборите на 24 јуни

Турските државјани во странство од денеска (7 јуни) почнаа да гласаат за претседателските и парламентарните избори кои во земјава ќе се одржат на 24 јуни.

Турските граѓани кои се регистрирани во списокот на гласачи во странство ќе можат да гласаат од денеска (7 јуни) до 19 јуни во гласачките кутии кои се поставени во 60 земји и 123 дипломатско-конзуларни претставништва на Турција.

Гласањето на граничните премини пак кое исто така започна денеска (7 јуни) ќе заврши на 24 јуни.

Еве ги датумите на гласање според земји:

- Германија, Австрија, Франција: Од 7 до 19 јуни.

- САД, Австралија, Луксембург: Од 9 до 17 јуни.

- Данска: Од 9 до 19 јуни.

- Норвешка: Од 14 до 19 јуни.

- Италија, Туркменистан: Од 15 до 17 јуни

- Белгија, Холандија, Швајцарија: Од 15 до 19 јуни.

- Турската Република Северен Кипар, Канада, Бугарија: Од 16 до 18 јуни.

- Обединетото Кралство: Од 16 до 19 јуни.

- Кина, Русија, Романија, Саудиска Арабија, Бахреин, Грција, Либан, Израел, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Босна и Херцеговина, Алжир, Финска, Шведска, Казахстан, Киргистан, Македонија, Судан: На 16 и 17 јуни.

- Азербејџан, Албанија, Ирак, Иран, Ирска, Шпанија, Египет, Малта, Узбекистан, Србија, Чекја, Унгарија, Полска, Јужна Африка, Грузија, Јапонија, Косово, Кувајт, Молдавија, Сингапур, Тајланд: На 17 јуни.

Гласачките ливчиња исто како и по одржаните претходни избори од земјите во кои ќе се гласа ќе бидат испратени во Турција со авион или пак со дипломатски курир.

Гласачките ливчиња од странство ќе се пребројуваат по завршување на чинот на гласање во Турција на 24 јуни.



Слични вести