Реакција од МНР на Турција против изјавите на грчкиот претседател во врска со проблемите во Егејот

Портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој истакна дека изјавите на грчкиот претседател Павлопулос со кои што со сила се воспоставува  врска помеѓу еколошката мрежа на ЕУ „Натура 2000“ и границите и територијата немаат никакво правно значење

987660
Реакција од МНР на Турција против изјавите на грчкиот претседател во врска со проблемите во Егејот

Турција покажа реакција на изјавите на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос поврзани со проблемите во Егејот.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој истакна дека изјавите на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос со кои што со сила се воспоставува  врска помеѓу еколошката мрежа на Европската унија (ЕУ) „Натура 2000“ и границите и територијата немаат никакво правно значење. 

„Го повторуваме нашето предупредување Европската унија (ЕУ) да не стане инструмент за политичките злоупотреби на Грција во контекст на проблемите во Егејот.“ - рече Аксој.

Потсетувајќи дека турското министерство за надворешни работи на 31 март 2018 година објави соопштение по ова прашање, Хами Аксој рече: „Нашиот став по прашањето минатата недела од страна на нашето министерство му беше појаснет и на претставникот на  делегацијата на Европската унија (ЕУ).“

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој продолжи со следните зборови: „Заедно со тоа грчкиот претседател Павлопулос овојпат даде изјави со кои што со сила се воспоставува  врска помеѓу еколошката мрежа на Европската унија (ЕУ) „Натура 2000“ и границите и територијата. Овие изјави немаат никакво правно значење. Освен тоа овие изјави се показател на тоа дека Грција со политичка цел ги злоупотребува еколошките програми на ЕУ како што е Натура 2000 и истите се во својство на исповед. Нашата земја како досега така и отсега нема да ги прифати евентуалните актуелни состојби кои би ги создала Грција над географските формации во Егејското Море со дискутабилен статус. По тој повод го повторуваме нашето предупредување Европската унија (ЕУ) да не стане инструмент за политичките злоупотреби на Грција во контекст на проблемите во Егејот.“

 



Слични вести