Министерот Берат Албајрак ја соопшти новата стратегија на Турција за борот

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак истакна дека со помош на технологијата на бор карбид вредноста на рудата бор ќе се преобрази во производ и ќе се зголеми за две илјади пати повеќе.

988088
Министерот Берат Албајрак ја соопшти новата стратегија на Турција за борот

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак на состанокот за афирмирање на новата стратегија за борот даде значајни изјави во врска со новата стратегија на Турција за борот.

Албајрак истакна дека со помош на технологијата на бор карбид вредноста на рудата бор ќе се преобрази во производ и ќе се зголеми за две илјади пати повеќе.

Велејќи дека во рамките на договорот помеѓу кинеската компанија Далиан Џимна и турската компанија Ети Маден во градот Баликесир ќе се изгради фабрика за бор карбид, Албајрак рече: „Со помош на технологијата бор на карбид  вредноста на рудата бор ќе се преобрази во производ и ќе се зголеми за две илјади пати повеќе. Со бор карбидот ќе се создаде  додадена вредност која што од 400 долари ќе се зголеми на 400 илјади долари.“

„Турција располага со повеќе од 73-насто од најквалитетните резерви на бор во светот. Во проиозводството сме на лидерска позиција. Ети Маден во 2017 година оствари продажба од 2,2 тони и со тоа што надмина 50 насто од глобалниот пазар фрли историски чекор.“ - рече министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак.



Слични вести