Во Егејското Море фатени 84 илегални имигранти

Во заливот на Кушадаси во близина на Ѓумулдур во Егејското Море и во Дидим се фатени 84 илегални имигранти кои по незаконски патишта се обидувале да заминат за грчкиот остров Самос (турски Сисам)

987083
Во Егејското Море фатени 84 илегални имигранти

Во Егејското Море се фатени 84 илегални имигранти кои по незаконски патишта се обидувале да заминат за Грција.

Од страна на хеликоптерите на Крајбрежната стража кои патролираа од воздух во заливот на Кушадаси во близина на Ѓумулдур во Егејското Море беше установен чамец со илегални имигранти. 

Фатените илегални имигранти кои се обидувале да заминат за грчкиот остров Самос (турски Сисам) поради преземените мерки од страна на екипите на крајбрежната стража се вратиле назад и се обиделе да излезат на копно кај брегот на Ѓумулдур.

Со заедничка акција на Командата на жандармериската станица на Ѓумулдур беа фатени 43 илегални имигранти со сириско државјанство.

Екипите на Крајбрежната стража стапија во акција и по добиени информации за тоа дека група илегални имигранти ќе заминат за грчкиот остров Самос (турски Сисам) и од Дидим.

Притоа беше сопрен чамецот со илегални имигранти установен од страна на авионот на Крајбрежната стража и беа фатени 41 лице.



Слични вести