МНР на Турција ги осуди трите самоубиствени напади во Дифа во Нигер
Турското министерство за надворешни работи објави писмено соопштение во врска со извршените напади во градот Дифа во југозападниот дел на Нигер

Турција ги осуди трите реализирани самоубиствени напади во градот Дифа во западноафриканската држава Нигер.
Турското министерство за надворешни работи објави писмено соопштение во врска со извршените напади во градот Дифа во југозападниот дел на Нигер.
Во соопштението се вели следното: „Со жалење е дочекана веста за смртта и ранувањето на голем број лица во извршените самоубиствени напади во градот Дифа во Нигер. Ги осудуваме овие злосторнички терористички напади, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување и го изразуваме нашето сочувство до нигерскиот народ и нигерската влада.“
Инаку, синоќа на одделни места во градот Дифа во југозападниот дел на Нигер во близина на границата со Нигерија три бомбаши-самоубијци од кои две жени ги активираа бомбите на себе.
Во овие самоубиствени напади според првичните претпоставки животот го загубија 9 лица, а голем број лица беа ранети.