Ердоган: Сериозните еколошки проблеми се заедничко прашање на целиот свет

Претседателот Р. Т. Ердоган истакна дека сериозните еколошки проблеми како што се глобалното затоплување, сушата, жедта, опустинувањето, намалувањето на биолошката разновидност и исчезнувањето на некои живи видови се заедничко прашање на целиот свет

986420
Ердоган: Сериозните еколошки проблеми се заедничко прашање на целиот свет

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 5 јуни Светскиот ден на екологијата.

Ердоган истакна дека сериозните еколошки проблеми како што се глобалното затоплување, сушата, жедта, опустинувањето, намалувањето на биолошката разновидност и исчезнувањето на некои живи видови се заедничко прашање на целиот свет.

Претседателот Ердоган во својата порака укажа на меѓународната соработка во решавањето на еколошките проблеми кои што и се закануваат на иднината на човештвото и рече: „При определување на политиките за одржлив развој од големо значење е да се земат во предвид заштитата на природните богатства, планираната урбанизација, мобилизациите за пошумување и проектите кои што ќе го спречат загадувањето на животната средина.“

Ердоган напомена дека Турција која ги следи активностите кои што се водат по прашањето на еколошките проблеми, со свеста и на своите одговорности во склопот на меѓународните договори реализира политики кои што ја изнесуваат на преден план заштитата на животната средина во економијата, урбанизацијата, енергијата и уште во голем број други сфери.

„За да би можеле да се сведат на максимум гладот и сиромаштијата во иднина, за да би можеле младите генерации да живеат во позелен свет во мир и спокојство ќе биде можно со фрлање на чувствителни чекори кон животната средина, а во правец на заштитата на природните богатства кои претставуваат заедничко богатство на сите живи суштества. За иднина во која ќе биде заштитена биолошката разновидност, природните извори ќе се искористуваат со приод на одржлив развој, ќе се земе за основа планираната урбанизација и ќе се спречи загадувањето на животната средина првенствено  треба да се зголемат чувствителноста и свеста по прашањето на животната средина.“ - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган напомена дека граѓанските организации, информативните органи, образовните институции и соработката на граѓаните се од големо значење за заштитата на природните богатства и природното ткиво на градовите и зголемувањето на чувствителноста кон животната средина.

Ердоган во својата порака посака Светскиот ден на екологијата да придонесе во зголемувањето на социјалната свест по прашањето на еколошките проблеми и ги повика сите да покажат чувствителност за да им се остави на идните генерации еден позелен свет. 

 



Слични вести