Чавушоглу побара од Германија да ја одобри продажбата на поголема количина оружје на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу побара од германската влада да ја одобри продажбата на поголема количина оружје на Турција и рече: „Ние сме НАТО сојузници и треба да избегнуваме од вакви видови ограничувања.“

986292
Чавушоглу побара од Германија да ја одобри продажбата на поголема количина оружје на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одговараше на прашањата на германската новинска агенција ДПА при што побара од германската влада да ја одобри продажбата на поголема количина оружје на Турција и рече: „Ние сме НАТО сојузници и треба да избегнуваме од вакви видови ограничувања.“

Чавушоглу истакна дека турската влада посакува да ги нормализира односите со Германија на секое ниво, вклучувајќи ги и продажбата на оружје и економските односи.

Велејќи дека Турција посакува кон производството на тенковите од типот Алтај кои што сака да ги произведува да се приклучи германската компанија Реинметал, Мевлут Чавушоглу додаде дека компаниите во Турција посакуваат овие тенкови да ги произведуваат со Реинметал и напомена дека „Ваквата соработка би можела да биде привлечна.“

Чавушоглу застана во одбрана на тоа дека не треба да постојат политички препреки пред соработката и нагласи дека со поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел постигнале согласност по прашањето на укинување на сите препреки и ограничувања во односите.

Меѓутоа, Чавушоглу истакна дека старата или новата влада не одигра улога во оваа точка и информира дека истите партии сеуште се на власт во Германија, така да и наследникот на Габриел сегашниот министер за надворешни работи Хеико Мас рекол дека би можел да го олесни предупредувањето на министерството за надворешни работи за патување во Турција.  

Одговарајќи и на прашањата во врска со изборите на 24 јуни, Мевлут Чавушоглу објасни дека тоа што не се дозволува да се врши изборна пропаганда во Германија само ги провоцира поддржувачите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Чавушоглу напомена дека забраната за изборна пропаганда која што минатата година ја воведе Германија е во спротивност со слободата на собирање, но дека и покрај тоа ја почитуваат оваа забрана, а воедно го критикуваше тоа што Демократската партија на народите (ХДП) се обидува да организира изборна кампања во Германија.



Слични вести