На северот на Ирак и кај Сиирт и Тунџели се неутрализирани 15 терористи на ПКК

Вчера и денеска беа реализирани воздушни операции врз терористички цели во Хакурк на северот на Ирак и во руралните подрачја на градовите Сиирт и Тунџели каде што беа неутрализирани 15 терористи на ПКК

984285
На северот на Ирак и кај Сиирт и Тунџели се неутрализирани 15 терористи на ПКК

Во реализираните воздушни операции вчера и денеска врз терористички цели во Хакурк преку границата на северот на Ирак и во руралните подрачја на населеното место Первари кај градот Сиирт и кај градот Тунџели се неутрализирани 15 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Генералштабот соопшти дека освен воздушната операција во руралните подрачја на градот Тунџели каде што се неутрализирани 7 припадници на терористичката организација ПКК, вчера и денеска беше реализирана воздушна операција и врз терористички цели во Хакурк преку границата во северниот дел на Ирак и во руралните подрачја на населеното место Первари кај градот Сиирт.

Во соопштението се вели следното: „Во реализираните воздушни операции на 1 и 2 јуни во Хакурк преку границата на северот на Ирак и во руралните подрачја на населеното место Первари кај градот Сиирт и кај градот Тунџели се неутрализирани 15 вооружени припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести