Ердоган: Европските земји применуваат двоен стандард кон Турција по прашањето на демократијата

Претседателот Р. Т. Ердоган истакна дека европските земји применуваат двоен стандард кон Турција по прашањето на демократијата

984301
Ердоган: Европските земји применуваат двоен стандард кон Турција по прашањето на демократијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во програмата која се емитуваше во живо на две приватни телевизиски канали и во оваа пригода даде значајни изјави во врска со низа прашања.

Претседателот Ердоган истакна дека европските земји применуваат двоен стандард кон Турција по прашањето на демократијата.

Ердоган рече: „Во моментов ние ги исполнуваме целосно сите наши задачи кои што ни претстојат кон Европската унија (ЕУ). Меѓутоа ЕУ не ги исполнува задачите кои што и се паѓаат нејзе. Ние ќе работиме со добронамерност и ќе ги фрлиме нашите чекори. Ако се добронамерни кон Турција треба да го решат тоа. Во спротивност ние ќе бараме решение. Не мора по се тоа решение да го има кај Европската унија (ЕУ).“

Велејќи дека Турција е едната од шесте земји кои произведуваат наоружани беспилотни летала, претседателот Ердоган исто така напомена дека Турција е дојдена во положба на земја која произведува национални умни бомби.

На прашањето дали станува збор нова прекугранична операција во борбата против тероризмот пак, Ердоган одговори: „Тогаш кога ќе се појави потреба не опростуваме. И од никого не бараме дозвола. Било тоа да е на северот на Сирија, било да е на северот на Ирак. Не можеме да поднесеме нашата земја да биде под закана.“

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти дека е познат и извршниот директор ЦЕО’то на домашниот автомобил во врска со што рече: „Ние во 2021 година ќе го произведеме овој електричен и интелигентен автомобил. Јас реков 5 мина храбри, се појавија и формираа конзорциум на чие чело го поставивме нашиот другар по име Мехмет Ѓурџан Каракаш, од фирмата Бош. Се надевам дека овој процес ќе го започнеме со тој наш другар.“ 

 



Слични вести