Во вооружен судир со терористите на северот на Ирак загинаа тројца турски војници

Генералштабот соопшти дека во операцијата која што продолжува во северниот дел на Ирак дојде до вооружен судир со припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и дека притоа животот го загубија тројца турски војници

983418
Во вооружен судир со терористите на северот на Ирак загинаа тројца турски војници

Во вооружен судир помеѓу турските војници и припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на северот на Ирак загинаа тројца турски војници.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека во операцијата која што продолжува преку границата во северниот дел на Ирак дојде до вооружен судир со припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и дека притоа животот го загубија тројца турски војници.

Во соопштението се вели следното: „На нашите честити шехиди кои го загубија животот во овој напад кој не облеа во длабока болка и тага им посакуваме милост од Аллах и го изразуваме нашето сочувство до нивните семејства, Турските вооружени сили (ТВС) и великиот турски народ и им посакуваме трпение.“

 



Слични вести