Суфурот на претседателот Ердоган со младите собори рекорд по гледаност во социјалните медиуми

На поканата на еден студент преку Твитер „Господине претседателе една ноќ да ве угостиме во нашиот дом и заедно да направиме суфур“, претседателот Ердоган одговори со пораката „Ако ви е готов чајот доаѓам“ и правеше суфур заедно со студентите

984057
Суфурот на претседателот Ердоган со младите собори рекорд по гледаност во социјалните медиуми

Суфурот што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го направи заедно со младите собори рекорд по гледаност во социјалните медиуми.

Група студенти преку социјалната медија го поканија претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во студентскиот дом Хусејин Гази во Анкара и му предложија заедно да прават суфур (сахур).

Еден студент на својата сметка на социјалната мрежа Твитер ја сподели пораката со покана во која напиша „Господине претседателе една ноќ да ве угостиме во нашиот дом Хусејин Гази и заедно да правиме суфур“.

На оваа покана претседателот Ердоган одговори со пораката „Ако ви е готов чајот доаѓам“ и правеше суфур (сахур) заедно со студентите. 

Студентите од домот Хусејин Гази во Анкара откако го видоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во трпезаријата овие моменти ги споделија со емитување во живо од своите мобилни телефони.

Емисиите во живо преку социјалните медиуми Фејсбук и Твитер достигнаа гледаност од 2,1 милион лица.

Суфурот на претседателот Ердоган со студентите стана најмногу гледана емисија во 2018 година.



Слични вести