Ердоган го прими специјалниот претставник на Путин за Сирија Лаврентиев

Претседателот Р. Т. Ердоган вчера во претседателската палата во Бештепе го прими Александер Лаврентиев, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија

983601
Ердоган го прими специјалниот претставник на Путин за Сирија Лаврентиев

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера го прими специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија Александер Лаврентиев.

Приемот во претседателската палата (Куллијето) во Бештепе траеше приближно еден и пол час и главна точна на дневниот ред беше Сирија.

Пред овој прием на 29 мај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин остварија телефонски разговор посветен на последните случувања во Сирија.

Во телефонскиот разговор беше нагласено значењето на територијалниот интегритет на Сирија, а стана збор и за процесот од Астана при што беше подвлечено дека е постигнат значаен напредок.

Ете и вчерашниот прием на специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија Александер Лаврентиев кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа во тие рамки.

На приемот беше направена проценка во врска со процесот за решение во Сирија.

 



Слични вести