Борбата на Турција против тероризмот продолжува без прекин

Во операциите на Турските вооружени сили (ТВС) кај градовите Дијарбакир и Мардин и на северот на Ирак во периодот од 25 до 31 мај загинаа 5 турски војници, а се убиени 34 неутрализирани терористи

983915
Борбата на Турција против тероризмот продолжува без прекин

Борбата на Турција против тероризмот продолжува без прекин.

Соопштено е дека во операциите на Турските вооружени сили (ТВС) внатре во границите на земјата кај градовите Дијарбакир и Мардин и преку границата на северот на Ирак во периодот од 25 до 31 мај загинаа 5 турски војници, а се убиени 34 неутрализирани терористи. 

Во соопштението се истакнува дека едниот од неутрализираните терористи бил од таканаречениот лидерски кадар на терористичката организација.

Турските вооружени сили (ТВС) во своето соопштение истакнаа дека во опеарциите загинаа 5 турски војници, а двајца војници се ранети.

Воедно од страна на Турските вооружени сили (ТВС) е соопштено дека бројот на неутрализираните терористи од почетокот на операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн во Сирија се зголеми на 4.486.

Од друга страна продолжуваат и активностите на Турските вооружени сили (ТВС) за нормализирање на животот во Африн, а воедно продолжува и борбата против тероризмот во ова подрачје.



Слични вести