Анкара изрази задоволство од повторното заживување на дијалогот со ЕК за визна либерализација

Функционерите на министерството за надворешни работи на Турција во Анкара се состанаа со делегацијата на Европската комисија со која разговараа за безвизното патување за турските граѓани во земјите на Европската унија (ЕУ)

983788
Анкара изрази задоволство од повторното заживување на дијалогот со ЕК за визна либерализација

Турција соопшти дека делегацијата на Европската унија (ЕУ) на остварените разговори за визната либерализација со унијата ги оценила позитивно работите кои што ги реализира Анкара по ова прашање.

Функционерите на министерството за надворешни работи на Турција во Анкара се состанаа со делегацијата на Европската комисија (ЕК) со која разговараа за безвизното патување за турските граѓани во земјите на Европската унија (ЕУ).

Министерството го изрази задоволството од повторното заживување на дијалогот со Европската комисија (ЕК) за визна либерализација

Во соопштението на турското министерство за надворешни работи се вели следното: „На состанокот беа разменети мислења во врска со нашиот план за работа што поднесовме до Комисијата на Европската унија (ЕУ) во февруари 2018 година, а во врска со засега неисполнетите критериуми во склопот на визната либерализација со Европската унија (ЕУ).“

„Европската комисија (ЕК) го изрази задоволството од повторното заживување на дијалогот за визна либерализација, истакна дека нашиот план за работа го оценуваат како позитивен чекор во исполнувањето на останатите критериуми и нагласи дека ги знаат тешкотиите предизвикани од случувањата кои што се доживуваат во период од 2016 година досега. Делегацијата на комисијата побара дополнителна информација во врска со техничките детали на нашиот поднесен план за работа.“

„На состанокот и беше доставена детална информација на дегелацијата на Комисијата на Европската унија (ЕУ) во врска сопредлозите на нашите надлежни институции, а освен тоа беа споделени мислења во врска со чекорите кои што би можеле да се фрлат во однос на одредени технички преуредувања. Беше постигната согласност за продолжување на техничките работи со Комисијата во наредниот период.“



Слични вести