Од Чавушоглу за ТВ Дојче Веле: Земјите на ЕУ се однесуваат дволично кон Турција и Турците

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за ТВ Дојче Веле истакна дека земјите на Европската унија (ЕУ) се однесуваат дволично кон Турција и Турците.

983154
Од Чавушоглу за ТВ Дојче Веле: Земјите на ЕУ се однесуваат дволично кон Турција и Турците

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во прогрмата  „Конфликтна зона“ на германскиот телевизиски канал Дојче Веле каде што одговараше на прашањата на водителот Тим Себастијан, а во врска со актуелниот дневен ред на.

Чавушоглу истакна дека земјите на Европската унија (ЕУ) се однесуваат дволично кон Турција и Турците.

Во интервјуто во врска со затегнатоста со некои европски земји во процесот на Турција за членство во Европската унија (ЕУ) беше изнесен примерот со Холандија на што Мевлут Чавушоглу рече: „Како го оценувате тоа што холандскиот премиер (Марк Руте) му рече дека би можел да отидам во Холандија да ги видам лалињата, но дека не би можел да го видам турскиот народ, со кои демократски стандарди се усогласува тоа?“

Нагласувајќи дека Европа има одредено сфаќање за демократијата според самата себе си и дека приодот од видот „Што и да вели Турција е погрешно, што и да вели Европа е точно“ е проблематичен, Чавушоглу го изнесе следното: „Како газди на самите себе си, народ и земја од прв степен, Турција и турскиот народ ги гледате како земја и народ од втор степен. Тоа не треба да го кажувате директно. Ние тоа го гледаме директно од вашиот приод кон Турција и турскиот народ.“

Мевлут Чавушоглу подвлече дека не се точни проценките во врска со Турција по прашањето на демократијата и човековите права и дека за воспоставување на безбедноста на народот по страшниот обид за преврат (15 јули 2016) со кој што се соочи Турција требаше да се преземат неопходните мерки.

„Не сакавте да разберете што се случува во Турција. Голем број западни земји ги поддржаа пучистите (Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО). Сега голем број земји на Запад им признава различен статус, им признава право на азил на сите овие пучисти вклучувајќи ги и оние кои претходно беа во армијата. Зошто не ја браневте демократијата во Турција тогаш кога ние се соочивме со овој обид за преврат?“ - рече Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу покажа реакција и против водителот кој често му го прекинуваше зборот и не му дозволуваше да зборува во врска со што рече: „Ве молам немојте да ми го прекинувате зборот, дозволете ми да зборувам. Не ми дозволувате да зборувам. Поставувате прашање, по мојата прва реченица ми го прекинувате зборот и коментирате повеќе од она кое што треба да го коментирам јас. Поставете го вашето прашање, дозволете ми да одговорам. Морате да покажувате почит. Не покажувате почит кон мене. Интервју не се прави вака. Треба да го поставите вашето прашање, да го изнесете вашиот коментир и да чекате да одговорам јас. Така се прави интервју. Ако се обидувате да го омаловажите турското министерство за надворешни работи тоа не може така. Не ми дозволувате да одговорам на вашите прашања.“

На прашањето „Дали Турција сака да стане членка на Европската унија (ЕУ)?“ Чавушоглу одговори дека Турција во процесот за членство за кој што чека 60 години реализира голем број реформи.

Велејќи дека Турција со исполнување на критериумите на патот на ЕУ постојано се соочува со политички препреки, Чавушоглу рече: „Ние сме дел од Европа. Не сме ’оној кој стои надвор’. Било да ви се допаѓаме или да не ви се допаѓаме ние сме дел од Европа.“

Подвлекувајќи го и тоа дека ФЕТИО е терористичка организација за турскиот народ и за голем број пријателски земји, Мевлут Чавушголу рече: „Затоа голем број земји ги затвораат и забрануваат нивните врски и школи.“

Чавушоглу појасни дека поголемиот дел од европските земји го одобруваа обидот за преврат во Турција и го рече следното: „Зошто никој не не посети по обидот за преврат? Наместо таа ноќ во 03:00 часот да не прашате како сме Турција или јас, имаше министри кои прашуваа каков став ќе се покаже кон оние кои се обидоа да уизвршат преврат.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се спротивстави на изразот „муслимански преповедник“ што водителот го употреби за челникот на ФЕТО и рече: „Тој е терорист, не е ’муслимански проповедник’. По ова прашање сме на различно мислење со вас. Ете она што сакам да го објаснам е токму тоа. Тој е зговорник, терорист. Бевте задоволни од она што го направи во Турција. Затоа го нарековте ’муслимански проповедник’.“

 



Слични вести