Претседателот Ердоган го отвори реставрираното турбе на султанот Фатих Мехмет во Истанбул

Претседателот Ердоган на отворањето на реставрираното турбе на османлискиот султан Фатих Мехмет во Истанбул посака да биде ајирлија и им се заблагодари на сите кои имаат заслуга во реализацијата на оваа реставрација

982419
Претседателот Ердоган го отвори реставрираното турбе на султанот Фатих Мехмет во Истанбул

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го отвори реставрираното турбе на османлискиот султан Фатих Мехмет (Мехмет втори освојувачот) во Истанбул.

На отворањето претседателот Ердоган беше придружуван од министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш, муфтијата на Истанбул Хасан Камил Јилмаз, директорот за култура и туризам на Истанбул Џошкун Јилмаз и претседателот на градскиот огранок на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Бајрам Шеноџак.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган посака да биде ајирлија реставрираното турбе и им се заблагодари на сите кои имаат заслуга во реализацијата на оваа реставрација.

Претседателот Ердоган и оние во негова придружба потоа читаа дови (молитви).

На отворањето на реставрираното турбе на османлискиот султан Фатих Мехмет (Мехмет втори освојувачот) претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и оние во негова придружба ја пресекоа лентата. 

Потоа претседателот Ердоган го прошета турбето и беше информиран од страна на надлежните.

Османлискиот султан Фатих Мехмет познат како Мехмет втори освојувачот, седмиот по ред падишах на Османлиската Империја кој во Европа е познат по името Grand Turco (Голем Турчин) или Turcarum Imperator (Турски император); владееше во текот на 32 години се до својата смрт и во 1453 година уште на 21-годишна возраст го освои Истанбул со што стави крај на илјада годишната Византиска Империја и стана повод да заврши стариот век и да започне новиот век. 

 



Слични вести