Хедер Вилсон: Купувањето на С-400 од страна на Турција не претставува проблем од аспект на НАТО

Генералниот секретар на воздушните сили на САД Хедер Вилсон истакна дека купувањето на руските противвоздушни ракетни системи С-400 од страна на Турција не претставува проблем од аспект на НАТО

981793
Хедер Вилсон: Купувањето на С-400 од страна на Турција не претставува проблем од аспект на НАТО

Генералниот секретар на воздушните сили на САД Хедер Вилсон говореше на панелот на тема „Зајакнување на сојузништвата на САД“ во организација на Атлантскиот совет со седиште во Вашингтон.

Вилсон истакна дека купувањето на руските противвоздушни ракетни системи С-400 од страна на Турција не претставува проблем од аспект на НАТО.

Одговарајќи на едно прашање во рвска со купувањето на противвоздушните ракетни системи С-400 на Турција од Русија, Вилсон рече дека по ова прашање постојат оперативни грижи и дека за тоа се разговара со министерствата за надворешни работи и одбрана на Турција.

Хедер Вилсон ја изнесе следната констатација: „Постојат оперативни проблеми и тоа особено од аспект на локацијата каде што се распоредени современите воени авиони во Турција.  Тие се внатре во НАТО и истовремено има авиони на САД како што се Ф-35. Турција е партнер во авионите Ф-35 меѓутоа не би сакале нив да ги држат на место блиску до ракетните системи С-400. Разговорите со Турција продолжуваат и се надевам дека овој проблем ќе се реши пред Турција да ги добие овие авиони.“ 

На прашањето „Дали купувањето на С-400 од страна на Турција би претставувало проблем внатре во НАТО?“, Хедер Вилсон одговори: „Не, не мислам така. Тие проблеми не ги по поврзувам директно со НАТО. Секогаш сакаме од нашите сојузници да купуваат опрема која што ќе работи заеднички со НАТО и нема да претставува закана. Оваа состојба ја има и на други места. Понекогаш и САД се дел од проблемот. на пример има некои наши сојузници кои сакаат да купат беспилотни летала со далечинско управување. Поради ограничувањата во извозот ние не можеме да им продадеме. Така ги принудуваме нив да купуваат беспилотни летала и разузнавачки, набљудувачки и извидувачки летала од кинеско производство.“



Слични вести