Делегација на ЕУ утре ќе допатува на разговори во Анкара за визната либерализација

Делегација на Европската унија (ЕУ) утре ќе допатува на технички разговори во Анкара посветени на визната либерализација за турските граѓани во Шенген зоната

982059
Делегација на ЕУ утре ќе допатува на разговори во Анкара за визната либерализација

Делегација на Европската унија (ЕУ) во рамките на разговорите за визната либерализација утре ќе допатува во Анкара каде што ќе оствари технички разговори.

Делегацијата по разгледувањето на документот што го достави Турција во февруари во врска со визната либералзиација утре во четврток и задутре во петокот ќе одржи состаноци со функционерите на министерството за ЕУ, министерството за надворешни работи и министерството за внатрешни работи. 

Еден висок функционер на Европската унија (ЕУ) истакна дека делегацијата предводена од заменик генералниот директор за миграција и внатрешни работи на комисијата на Европската унија (ЕУ) Симон Мордуе на разговорите во Анкара ќе размени мислења во врска со тоа како би можеле да се унапредат некои прашања во документот доставен од турска страна.

Турција деловниот документ во врска со визната либерализација ја достави до Европската унија (ЕУ) во месец февруари.

Истиот функционер на ЕУистакна дека ќе можат полесно да се решат некои од прашањата во однос на кои не е постигнат договор и дека едното од нив е употребата на биометриските пасоши.

Во меѓувреме, во мај 2019 година ќе се одржат избори за Европскиот парламент (ЕП).

Турција сака гласањето во врска со визната либерализација да не остане после парламентарните избори и очекува да се стави во примена процес по брза постапка. 

Инаку, Текстот за консензус за дијалог за визната либерализација и договорот за реадмисија меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) беа потпишани на 16 декември 2013 година во Анкара.

Согласно постигнатиот консензус беше решено по спроведувањето со сите негови одредби на Договорот за реадмисија меѓу Турција и ЕУ заклучно со 1 октовмри 2017 година безвизното патување за турските граѓани во Шенген зоната да почне да се применува во текот на 2018 година.

Визната либерализација предвидуваше влез без виза за турските граѓани со биометриски пасоши во Шенген зоната и нивен престој од 3 месеци во рок од 180 дена.



Слични вести