Чавушоглу ја потврди информацијата за поканата на Меркел

Нема ништо тајно во позадината на овие дискусии околу поканата

982357
Чавушоглу ја потврди информацијата за поканата на Меркел

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека германската канцеларка Ангела Меркел го покани претседателот Реџеп Тајип Ердоган, дека тоа е сосема природно и дека поканата пристигна пред одлуката за одржување избори.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал, министерот Чавушоглу направи проценка на актуелните случувања.

На прашањето во врска со информациите кои беа објавени во печатот дека германската канцеларка Меркел го поканила претседателот Ердоган, Чавушоглу потенцираше дека една канцеларка на еден министер за надворешни работи не може да му даде покана за претседателот.

Што е суштината? Претседателот Ердоган на последниот телефонски разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларката Меркел размени мислења во врска со можностите за посета на Германија и дека го очекуваат во Германија. Тогаш сеуште не беше донесена одлука за одржување предвремени избори.

Чавушоглу рече дека во оваа прилика на канцеларката Меркел и ги пренел поздравите на претседателот Ердоган и премиерот Јилдирим.

Самата Меркел рече дека по изборите ќе ја планираме посетата на претседателот и дека ја очекуваат неговата посета. Но не рече официјална посета. Затоа ова претставува продолжение на претходната тема за која разговаравме. Тоа е сосема природно. Изнесувањето на мислењето од страна на канцеларката дека ја очекуваат посетата на претседателот по изборите е сосема нормален приод, рече Чавушоглу.

Нема ништо тајно во позадината на овие дискусии околу поканата. Не се обидуваме да добиеме некој поен повеќе за изборите. Зарем земја како што е Голема Турција ќе размислува поканата на Германија да ја искористи за изборна пропаганда. Додека од една страна водиме изборна кампања, од друга страна пак активно управуваме со државните работи. На крајот ќе победат изборите. Треба да ги планираме и активностите по изборите. Во тие рамки ги преземаме и чекорите на тоа поле. Секако дека е значајно да излеземе пред граѓаните, но исто така е значајно да се извршат и потребните планирања во врска со надворешната политика за да предвидените посети бидат успешни. Затоа датумите на посетите се планираат претходно за да не дојде до состојба пред свршен чин. Затоа и изјавата на канцеларката Меркел дека претседателот го очекуваат по изборите треба да се сфати сосема природно.



Слични вести