Меркел го покани Ердоган да ја посети Германија по изборите на 24 јуни

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави во Германија дека германската канцеларка го поканила претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да го посети Берлин по изборите на 24 јуни

981629
Меркел го покани Ердоган да ја посети Германија по изборите на 24 јуни

Германската канцеларка Ангела Меркел го покани претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да го посети Берлин по изборите на 24 јуни.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој по повод церемонијата за сеќавање за катастрофата во Золинген пред 25 години отпатува за Германија овде изјави за новинарите дека германската канцеларка го поканила претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да го посети Берлин по изборите на 24 јуни и рече дека оваа покана ќе му ја достави на претседателот Ердоган. 

Инаку, Германија привлече внимание со двојниот стандард што го применува кон турските политички партии пред претседателските и парламентарните избори во Турција кои ќе се одржат на 24 јуни.  

Германија дозволи да се одржи митинг на Демократската партија на народите (ХДП) во градот Келн на кој учествуваа и приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а исто така издаде дозвола и за митингот на Демократската партија на народите (ХДП) што ќе се одржи во Берлин.

Двојниот стандард што го применува оваа земја кон другите турски политичари наиде на голема реакција.



Слични вести