Чавушоглу на церемонијата за сеќавање на катастрофата во Золинген, Германија пред 25 години

На церемонијата за сеќавање на катастрофата во Золинген пред 25 години учествуваа германската канцеларка Ангела Меркел, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија Армин Лашет и голем број гости

981564
Чавушоглу на церемонијата за сеќавање на катастрофата во Золинген, Германија пред 25 години

Во владината зграда на покраината Северна Рајна-Вестфалија во Дизелдорф Германија се одржа церемонија за сеќавање за 5-те членови на турското семејство Генч, кои ги загубија своите животи пред 25 години кога расистите подметнаа пожар во нивната куќа во која живееја во градчето Золинген.

На церемонијата учествуваа германската канцеларка Ангела Меркел, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија Армин Лашет и голем број поканети гости.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на церемонијата на сеќавање по повод 25-годишнината од катастрофата во Золинген во Германија ја даде пораката за водење на заедничка борба против непријателството кон странците (ксенофобијата) и непријателството кон Исламот (антиисламизмот).

Привлекувајќи внимание кон трагедијата што ја доживеа семејството Генч пред 25 години и на проблемите на останатите турски граѓани подложени на расистички напади во Германија, Чавушоглу рече: „Единственото што го очекуваат овие луѓе кои Германија ја оценуваат за своја втора татковина е да станат еднакви единки и еднаков дел од ова општество.“

Мевлут Чавушоглу подвлече дека Турција и Германија треба да работат заедно по прашањето на интеграцијата и продолжи со следните зборови: „задачата која што ни се паѓа нам е да ја извлечеме неопходната лекција од оваа катастрофа и да застанеме сите заедно обединети против расизмот како невоља. Да преземеме влијателни мерки против непријателството кон странците за да не дојде до повторување уште еднаш на овие видови напади.“

Чавушоглу нагласи дека во тие рамки треба да овозможиме сите елементи на општеството да живеат заеднички, во мир и спокојство со сите свои бои и разлики.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека го оценува како многу значајно тоа што Лашет, премиерот на Северна Рајна-Вестфалија како покраина во која живеат најголем број доселеници во Германија приреди церемонија за сеќавање со свеста за оваа своја одговорност и му се заблагодари. 

Чавушоглу и се заблагодари и на германската канцеларка Ангела Меркел и нагласи дека нејзината институционална борба против расизмот ја оценува како мошне правилен чекор по што рече: „Ние како Турција сме спремни да и ја дадеме секој вид поддршка.“

Велејќи дека одблизу го следат и судскиот процес во врска со екстремно десничарската терористичка организација Националсоцијалистичко подземје (НСУ) од чија страна беа убиени 10 лица од кои 8 беа Турци, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „На крајот на овој судски процес во правец на даденото ветување од страна на канцеларката Меркел веруваме дека ќе се откријат сите врски и планот во позадината на овие напади. Во однос на ова прашање сите ние имаме заедничко очекување.“

Чавушоглу напомена дека животот на различните религии и култури во мир во склопот на современите демократски правила и вредности претставува идеал на сите и продолжи со следните зборови: „Овој процес е двонасочен. И странците треба да вложуваат напори за усогласување со културата и вредностите на земјата во која се наоѓаат и е од суштинско значење општеството да презентира отоврен и прифатлив став кон новото и различното.“

Во меѓувреме и премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија Армин Лашет во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека катастрофата што се доживеа пред 25 години е најлоша катастрофа која што е доживеана во покраината по Втората светска војна.

Лашет напомена дека  оваа катастрофа нема да заземе место само во историските книги туку таа е во својство на поука која што може да се извлече по прашањето на омразата и непријателството кон странците.

Армин Лашет својот говор го заврши турски и рече: „Sevgidir insanı yaşatan“ (Љубовта му придава живот на човекот).



Слични вести