Ставени во услуга бродски линии помеѓу Лесбос (турски Мидилли) и Ајваџик

Помеѓу грчкиот остров Лесбос (турски Мидилли) и населеното место Ајваџик се ставени во примена бродски линии

980460
Ставени во услуга бродски линии помеѓу Лесбос (турски Мидилли) и Ајваџик

Со церемонија започнаа бродските линии помеѓу грчкиот остров Лесбос (турски Мидилли) и населеното место Ајваџик кои што ќе бидат реализирани од страна на ГЕСТАШ кој врши услуга на линијата меѓу морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите) островот Ѓокчеада, островот Бозџаада и Јужното Мраморно Море.

По повод отворањето на морскиот граничен премин Ќучуккују чија зграда и граничен премин беа изградени пред кусо време и ставањето во услуга на бродските линии помеѓу Ќучуккаја и Лесбос (турски Мидилли), беше организирана церемонија.

Потпретседателот на Пратеничката група на владејачката АК Партија Булент Туран во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека морскиот граничен премин Ќучуккују и бродските линии ќе му придадат драгоценост на градот марка Чанаккале.

Булент Туран рече: „ Заедно со овој граничен премин речиси го надминуваме тоа што Егејското Море е област на затегнатост. Оставајќи го назад тоа што оваа обаст е област на кавга и тоа што е презнетиран модел на економски развој на ист начин се надеваме дека тоа ќе обезбеди придонес за овдешните луѓе, еснафите и  хотелиерите на Лесбос (Мидлли) и во Ќучуккују.  

Заменик потсекретарот на Министерството за транспорт, поморство и комуникација Ахмет Селчук Серт пак истакна дека турското поморство во последните 15 години постигна значаен напредок.

Претседателот на грчката општина Петра Антонис Келајдитис кој исто така учествуваше на церемонијата истакна дека островот Лесбос (турски Мидилли) е остров кој што привлекува голема заинтересираност со својата природа, културата, традиционалните села, гостопримливите луѓе, јадењата, маслиновото масло и тоа и кај турските и кај странските туристи.

По одржаните говори беше свечено отворен морскиот граничен премин и беше реализирано симболично бродско патување.

На церемонијата учествуваа валијата на Чанаккале Орхан Тавли, претседателот на историскиот простор на Гелиболу за битките на Чанаккале при министерството за култура и туризам Исмаил Кашдемир, ректорот на Универзитетот 18 март во Чанаккале проф. д-р Јуџел Аџер, заменик градоначалникот на Чанаккале Еркан Ајѓорен и претседателот на општина Ќучуккују Џенгиз Балкан како и голем број поканети гости.



Слични вести