Кај градот Ерзинџан фатени 39 илегални имигранти

Во близина на градот Ерзинџан беа фатени 39 бегалци со авганистанско и пакистанско државјанство кои влегле во земјата по незаконски патишта и за кои беше установено дека располагаат со лажни патни исправи

980306
Кај градот Ерзинџан фатени 39 илегални имигранти

Во близина на градот Ерзинџан фатени 39 илегални имигранти со авганистанско и пакистанско државјанство кои влегле во земјата по незаконски патишта.

Екипите на Одделот за јавен ред при градската управа на полицијата во Ерзинџан установија дека друпа составена од голем број лица се движи на крајот на патот во близина на селото Акјази на магистралниот пат Ерзинџан-Ерзурум и притоа реализираа контрола на личните документи на овие лица.

Притоа беа фатени 39 бегалци со авганистанско и пакистанско државјанство за кои беше установено дека располагаат со лажни патни исправи.

Илегалните имигранти од кои повеќето со авганистанско државјанство беа испратени на здравсвена контрола во Државната болница.

Фатените илегални имигранти потоа беа испратени во спортската сала во градот Ерзинџан каде што ќе бидат регистрирани.

 



Слични вести