Итна медицинска помош од Турција за Газа во износ од 1,2 милиони долари

привремениот вршител на должноста амбасадор на Турција Ерман Топчу истакна дека помошта во износ од 1,2 милиони долари согласно претходно постигнатиот договор и беше предадена на Светската здравствена организација (СЗО)

980504
Итна медицинска помош од Турција за Газа во износ од 1,2 милиони долари

Турција неповратната помош во износ од 1,2 милиони долари која беше собрана по повикот за итна медицинска помош на Газа ја предаде на Светската здравствена организација (СЗО).

Помошта во износ од 1,2 милиони долари Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) при владата на Турција ја испрати за Газа по потпишување на договорот за неповратна помош во резиденцијата на Генералниот конзулат на Турција во Палестина од страна на привремениот вршител на должноста амбасадор на Турција Ерман Топчу и директорот на претставништвото на Светската здравствена организација (СЗО) во Газа доктор Махмуд Дахир.

Ерман Топчу истакна дека помошта во износ од 1,2 милиони долари со постигнатиот договор и беше предадена на Светската здравствена организација (СЗО).

„Во рамките на оваа наша помош ќе се обезбеди лекување од кое имаат потреба 165 илјади болни и повредени Палестинци. Индиректно пак од ова ќе можат да се обезбедат потреби за лекување на повеќе од 350 илајди лица. На тој начин со оваа помош која што ја испрати нашата земја со посредство на АФАД ќе биде обезбедена една од потребите од кои се чувствува најголема потреба денеска на терен.“ - рече Ерман Топчу 

 



Слични вести