Делегација на ЕУ на 31 мај ќе допатува на разговори во Анкара за визната либерализација
Со делегацијата ќе претседава заменик генералниот директор за миграција и внатрешни работи на комисијата на Европската унија (ЕУ) Симон Мордуе

На 31 мај во четврток во Анкара ќе допатува делегација на Европската унија (ЕУ) за остварување средби посветени на визната либерализација.
Со делегацијата ќе претседава заменик генералниот директор за миграција и внатрешни работи на комисијата на Европската унија (ЕУ) Симон Мордуе.
Инаку, Турција исполни 67 од 72 критериуми кои требаше да ги исполни за визна либерализација за турските граѓани во земјите на Европската унија (ЕУ).
Воедно беа завршени работите и во врска со останатите 5 критериуми и документот за позиција на 7 февруари беше доставен до Европската унија (ЕУ).
На разговорите на 31 мај во четврток во Анкара се очекува најчувствително и најтешко прашање да биде борбата против тероризмот.
Имено, Анкара се противи на барањето на ЕУ за промена на дефиницијата во врска со борбата против тероризмот, во период кога се води борба против тероризмот.
Меѓу насловите за кои што ќе се преговара во рамките на разговорите се наоѓа и прашањето за заштита на личните податоци.
Турција вети дека законот во врска со заштитата на личните податоци ќе го преразгледа земајќи ги во предвид стандардите на ЕУ и дека доколку затреба ќе изврши измени во овој закон.
Европската унија (ЕУ) очекува од Анкара да фрли чекор и по ова прашање.
Надлежни сметаат дека доколку визната либерализација почне да се применува оваа година повторно ќе дојде до интензивирање на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).