За една недела во Дијарбакир, Мардин и Сиирт и северот на Ирак се неутрализирани 49 терористи

Генералштабот објави соопштение во кое се истакнува дека во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) кај градовите Дијарбакир, Мардин и Сиирт во земјата и преку границата на северот на Ирак досега се неутрализирани 49 терористи

979141
За една недела во Дијарбакир, Мардин и Сиирт и северот на Ирак се неутрализирани 49 терористи

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во периодот од 18 до 24 мај во подрачјата на градовите Дијарбакир, Мардин и Сиирт во земјата и преку границата на северот на Ирак се неутрализирани 49 терористи членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Генералштабот на Турција ги сподели информациите во врска со еднонеделната борба против тероризмот.

Според тоа, во реализираните операции за една недела внатре во границите на земјата и преку границата на северот на Ирак се неутрализирани 49 тористи.

Во соопштението се истакнува дека во рамките на операцијата Маслиново гранче која што ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС) на 20 јануари, а со цел неутрализирање на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и терористичката организација ДЕАШ во подрачјето на Африн во Сирија, како и спасување на пријателскиот и братски локален народ од притисокот и зулумот на овие терористички организации досега се неутрализирани 4.474 терористи.



Слични вести