Реакција од Ибрахим Калин против француското списание „Le Point“

Ибрахим Калин, портпарол на претседателот Ердоган, во својата порака што ја објави на Твитер го напиша следното: „Едно француско списание за претседателот Ердоган рекло дека е ’диктатор’. Останаа назад тие денови кога Турција добиваше директива од вас“

978935
Реакција од Ибрахим Калин против француското списание „Le Point“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, во својата порака што ја напиша на својата сметка на социјалната мрежа Твитер се осврна на изразите кои што беа објавени во неделниов број на француското списание Ле Пуан (Le Point) на чија корица во врска со претседателот Ердоган се употребува изразот „диктатор“.

Велејќи „Останаа назад тие денови кога Турција добиваше директива од вас“, Калин во својата порака го напиша следното: „Едно француско списание за претседателот Ердоган рекло дека е ’диктатор’“.

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин во објавата ги сподели следните свои размислувања: „Ги знаеме овие напади. Знаеме кои се нивните цели. Народот и сите угнетени народи го гледаат она што се случува. Останаа назад тие денови кога Турција добиваше директива од вас. Велејќи ’диктатор’ не можете да ги вратите назад тие денови.“



Слични вести