Ле Поинт се трансформира во уред за операција и произлезе од својството на списание

Ердоган е Нелсон Мандела на 21-от век

978734
Ле Поинт се трансформира во уред за операција и произлезе од својството на списание

Меѓународниот совет за еднаквост и мир (COJEP) во врска со тврдењата дека цел на нападите на француското списание Ле Поинт е претседателот Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека „Ле Поинт се трансформира во уред за операција и произлезе од својството на списание“.

Изразите кои беа објавени во неделниов број на списанието „Ле Поинт“ насочени против Турција, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и како и луѓето и установите од турско потекло во Франција, наидоа на големи реакции.

Меѓународниот совет за еднаквост и мир (COJEP) во врска со тврдењата кои беа објавени во списанието објави писмено соопштение.

Во соопштението се истакнува следното:

„Цел на нападите на написот во последниот број на списанието „Ле Поинт“ кое беше објавено на 24 мај се здруженијата, радиодифузери, ТВ-куќи и политички формации кои ги претставуваат приврзаниците на различни култури кои делуваат во Франција. Меѓу нив се наоѓаат COJEP, Media Türk TV, Media France TV и Medya Türk Info“.

Списанието преку написот многу повеќе се обидува да предизвика погрешни перцепции отколку што навистина е загрижена за новинарство, освен тоа што ја залажува јавноста исто така е во служба на  зголемувањето на предрасудите кон приврзаниците на различни култури во Франција.

Списанието со последниот чин покажа дека е многу далеку од вистината и покажа многу неодговорен и непријателски пример на новинарство. Списанието Ле Поинт со овој број се обиде да ги замолчи, заплаши и маргинализира приврзаниците на различните култури во Франција.

Во соопштението беше потсетено дека покрај сите напори на Запад за потиснување и казнување на Нелсон Мандела, кој во името на правдата ги изнесе своите барања за еднаквост и слобода на црнците и беше казнет дури со 29 годишна казна затвор, на крајот победи и откако излезе од затвор беше награден со Нобелова награда за мир. На ист начин и претседателот Ердоган во последно време свесно е избран за цел на напади и шпекулативни наслови.

Ердоган е Нелсон Мандела на 21-от век. Без оглед на сите ваши напори за замолчување, заплашување и маригинилизирање, еден ден тој ќе победи исто како и Мандела. Бидејќи застана во одбрана на светиот град Ерусалим, симболот на трите религии. Ердоган е домаќин на над 3.5 милиони курдски, туркменски, арапски, сириски бегалци. Со изнесувањето на ставот и мотото на седницата на СБ на ОН дека „Светот е поголем од 5“ Ердоган е тој што извика дека треба да се промени структурата на СБ на ОН. Зарем овој човек кој се бори за благонаклоност, милосрдие и правда е диктатор?

Во соопштението беше упатен повик до управата и вработените на списанието Ле Поинт да бидат поодговорни и поправедни и да се извинат.



Слични вести