Делегација на САД допатува на разговори во Турција посветени на Менбич во Сирија

Најзначајна точка на дневниот ред на вториот состанок на механизмот помеѓу Турција и САД беше патната карта во подрачјето на Менбич во Сирија

979024
Делегација на САД допатува на разговори во Турција посветени на Менбич во Сирија

Пред 4 јуни кога министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе престојува во посета на Вашингтон американска делегација допатува на разговори во Анкара.

Делегациите надлежни за сириското досие од комитетите во кои претежно се разгледуваат проблемите во врска со борбата против тероризмот го завршија својот втор состанок во Анкара.

Најзначајна точка на дневниот ред на вториот состанок на механизмот помеѓу Турција и САД беше патната карта во подрачјето на Менбич во Сирија.

Инаку, под изговор дека се води борба против терористичката организација ДЕАШ терористите припадници на ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се сместија во подрачјето на Менбич во Сирија и оваа состојба доведе до проблем помеѓу Турција и САД.

САД им доставуваат секој вид помош вклучувајќи ја и помошта во оружје на терористите кои ги сместија самите во подрачјето на Менбич во Сирија, додека Турција истакнува дека нема да дозволи да се формира терористички коридор на нејзините граници и дека подрачјето треба да се исчисти од терористите. 

Механизмот помеѓу Турција и САД за борба против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и развивање решение за случувањата во Ирак и Сирија беше формиран по остварената посета на поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон на Анкара во февруари.

Првиот состанок на групата со тема Сирија од формираните работни групи се одржа на 8 и 9 март во Вашингтон.

Последниот облик на текстот кој што ќе се подготви на крајот на состанокот ќе му биде даден од страна на министрите за надворешни работи на Турција и САД, Мевлут Чавушоглу и Мајк Помпео кои ќе се состанат во Вашингтон.



Слични вести