Претседателот Ердоган беше гостин во специјалната програма на ТРТ

Во врска со односите со САД и присуството на француските војници во подрачјето на Менбич во Сирија, претседателот Ердоган информираше дека пристигнало барање од францускиот претседател Емануел Макрон за остварување на телефонски разговор со него

Претседателот Ердоган беше гостин во специјалната програма на ТРТ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во специјалната програма на Турската радио и телевизија ТРТ каде што направи проценка на дневниот ред.

На прашањето во врска со односите со САД и присуството на француските војници во подрачјето на Менбич во Сирија, претседателот Ердоган информираше дека пристигнало барање од францускиот претседател Емануел Макрон за остварување на телефонски разговор со него.

Ердоган рече: „Денеска или утре ќе оствариме телефонски разговор. Со САД повремено се случуваат вакви работи, меѓутоа сега поради изборите телефонската дипломатија можеби е и прекината. Сепак постои можност за остварување на разговор во секој момент.“

На потсетување на случајот со пренесување на амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим и масакрите кои што ги изврши Израел во Газа, претседателот Ердоган го истакна следното: „Оваа одлука на САД и Израел е одлука која што нема никакво значење. Америка како прво својот углед го сведе речиси на нула. Впрочем како резултат на гласањето кое што со чекорот што го фрливме ние со Јемен се одржа во Обединетите нации (ОН) 128 земји гласаа против, а 9 земји чии имиња и не се премногу знаат, ионака од кои две беа САД и Израел, а останатите од видот на градови држави, зазедоа место на нивна страна.“

„Значи дека овие не се прифатени во светот. Велат дека имаат пари и моќ, така да со овие пари и моќ ќе застрашуваат и ќе го направат она што сакаат. Но не можете да го направите тоа. Не можевте да го направите и никој не ве послуша. Од таму вашата амбасада сте ја пренесле таму. Што ќе се случи ако ја пренесете? Како прво главен град на Палестина е Ерусалим. Тоа веќе го знае секој. По ова прашање не станува збор за двоумење. Вие го прифаќате тоа или не, но главен град на Палестина во срцата е Ерусалим.“ - подвлече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести