Јилдирим: „Никако не може да се овозможи сите земји да се обединат во една иста мисла против тероризмот“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека никако не може да се овозможи сите земји да се обединат во една иста мисла против тероризмот и напомена дека целото човештво, целиот свет имаат потреба од мир и правичност

976197
Јилдирим: „Никако не може да се овозможи сите земји да се обединат во една иста мисла против тероризмот“

Премиерот Бинали Јилдирим синоќа говореше на Традиционалната ифтарска вечера за амбасадорите која што се одржа во седиштето на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

Јилдирим истакна дека никако не може да се овозможи сите земји да се обединат во една иста мисла против тероризмот и напомена дека целото човештво, целиот свет имаат потреба од мир и правичност.

Укажувајќи на тоа дека светот е мошне изморен од гневот, дискриминацијата, тероризмот и судирите на моќ и интерес, Бинали Јилдирим истакна дека продолжуваат да се прават грешките кои што се правеа долги години и дека се наоѓа под закана иднината на човештвото.

Јилдирим привлече внимание дека никако не може да се овозможи сите земји да се обединат во една иста мисла против тероризмот и продолжи со следните зборови: „Многупати се применува различен третман кон терористичките организации. Сиве овие безумни лошотии се појавуваат како резултат на едноставни пресметки. Развиениот свет за жал во повеќе случаи останува посматрач на доживувањето на оваа ужасна слика. Дури понекогаш неодговорните управи самите лично стануваат причина за овие неприфатливи грешки. Јасно е дека овој развој нема да го води светот кон добро. Сите земји, управи што поскоро треба да ја согледаме оваа вистина и да постапуваме според тоа.“

Премиерот Бинали Јилдирим напомена дека Турција води активности во рамките на политиката да се биде пријател со сите земји, да се зголемат пријателствата и да се намалат непријателствата и додаде дека не постои друго решение за мирот и безбедноста на човештвото.

Нагласувајќи дека долги години во регионот се доживуваат големи болки и насилства на кои стануваме сведоци сите, Јилдирим истакна дека поради војната во Сирија која што продолжува градовите се срушени и срамнети со земја, загинаа голем број луѓе и милиони невини луѓе беа принудени да ги напуштат своите родни места.

Премиерот Бинали Јилдирим напомена дека Турција е земја која е подложена на најголемо влијание од седум годишната граѓанска војна во Сирија. 

Осврнувајќи се и на масакрот што го изврши Израел минатата недела во Газа, Јилдирим рече: „Сликите на ужас кои што се случија во Ерусалим се случија пред очите на сите нас и на целиот цивилизиран свет. Нечовечкиот зулум на израелската управа кој што продолжува со години за жал се случи веднаш пред Рамазан, пред очите на целото човештво. Безмилосното масакрирање на невооружените, невините луѓе претставува потполна суровост, бруталност. Остро го осудуваме. И одлуката на американската управа за пренесување на својата амбасада во Ерусалим е голема грешка и имаше мошне голем удел во зголемувањето на овие настани.“

Премиерот Бинали Јилдирим напомена дека денеска со секој ден растат човечките кризи за кои се бара глобално решение, дека се дојдени речиси во состојба на гангрена и дека поголемиот дел од нив се доживуваат на Блискиот исток, регион каде што се наоѓа Турција.



Слични вести