Ердоган: Некои земји треба да го напуштат двојниот стандард во борбата против тероризмот

Претседателот Ердоган во врска со знаењето на бескомпромисната борба против терористичките организации и истакна дека некои земји треба да го напуштат двојниот стандард што го применуваат во борбата против тероризмот

976325
Ердоган: Некои земји треба да го напуштат двојниот стандард во борбата против тероризмот

Претседателот на Републиката и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган синоќа говореше на Традиционалната ифтарска вечера за амбасадорите која што се одржа во седиштето на партијата.

Ердоган во својот говор се осврна на знаењето на бескомпромисната борба против терористичките организации и истакна дека некои земји треба да го напуштат двојниот стандард што го применуваат во борбата против тероризмот.

„Водиме одлучна борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и нејзиното сириско крило ПЈД/ЈПГ, против ДЕАШ, Ал Каеда и најзначајно од се против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО која е нова генерација хибридна терористичка органзиација. Меѓутоа со жалење морам да кажам дека на меѓународен план сеуште продолжува да се применува двоен стандард по прашањето на тероризмот.“ - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган укажа на тоа дека гласовите кои што се креваат против ДЕАШ стануваат неми кога се во прашање ПКК, слични терористички организации и ФЕТО.

Ердоган рече: „Дури ставовите по прашањето на ПЈД/ЈПГ речиси се преобразуваат во изјавување на поддршка оваа терористичка организација да врши поголем зулум и поголем притисок. Освен тоа парталите на ПКК со години можат да се користат слободно во западните земји. На ист начин можат да се користат и парталите на терористичкиот водач. Организацијата собира пари со вршење притисок и со закана. Нејзините припадници слободно можат да ја вршат својата терористичка пропаганда на најцентралните плоштади на главните градови. Сличното се однесува и за ФЕТО.“

Велејќи дека голем број градови на Европа речиси се претворени во безбедно пристаниште каде што можат да избегаат од правдата убијците на чии раце се наоѓа крвта на невините луѓе, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Се додека се презентира ваков амбивалентен став против терористичките организации не е можно да се постигне ниту најмал напредок во борбата против тероризмот. Првенствено треба да се знае терорисот да се нарече терорист, а потоа мора да се води заедничка борба против нив. Пред оваа очајна слика Турција ги презема своите сопствени мерки за елиминирање во нивниот извор на заканите насочени против нејзиниот опстанок.“



Слични вести