Ердоган: Муслиманите се одлучни да не отстапат од своите права во светиот град Ерусалим

Претседателот Ердоган истакна дека Ерусалим никако нема да и се препушти на милоста на една држава (Израел) која десетици години се храни со крв, солзи и окупација

976125
Ердоган: Муслиманите се одлучни да не отстапат од своите права во светиот град Ерусалим

Претседателот на Републиката и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган синоќа говореше на Традиционалната ифтарска вечера за амбасадорите која што се одржа во седиштето на партијата.

Ердоган во својот говор се осврна на убиството од страна на израелските војници на повеќе од 60 Палестинци кои учествуваа на протестите на границата со Газа под блокада, а во знак на протест против отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим на 14 мај. 

Претседателот Ердоган истакна дека Ерусалим никако нема да и се препушти на милоста на една држава (Израел) која десетици години се храни со крв, солзи и окупација.

„Меѓу убиените Палестинци шехиди кои израелската власт ги нарекува „терористи“ има и 8 месечни бебиња, жени, млади и инвалиди во инвалидски колички. Со последниот чекор што го фрли управата на САД стана соучесник и во масакрите на Израел. Отворено велам дека во рацете на САД се наоѓа крвта на палестинските деца.“ - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган напомена дека зборовите кои што ќе ги изговорат отсега САД во однос на демократијата, човековите права, слободите и мирот ќе немаат никакво значење.

Нагласувајќи дека Турција во својство на привремен претседавач со Организацијата за исламска соработка (ОИС) отворено ја изнесе својата реакција како против одлуката на САД така и против извршените масакри од страна на Израел, Ердоган напомена дека се започнати активностите со граѓанските организации на Турција за лекување на повредените Палестинци и дека за да им се помогне на Палестинците кои беа подложени на израелските напади е доставена и хуманитарна помош. 

Претседателот Ердоган потсети дека на 18 мај во петокот се одржа вонреден исламски самит на кој беше усвоена декларација со која што вклучувајќи го и испраќањето на меѓународни мировни сили, беше упатен повик за обезбедување на меѓународна заштита за палестинскиот народ, истражување на извршените кривични дела и убиства и официјално признавање на државата Палестина од страна на сите земји.

Ердоган истакна дека освен тоа на самитот беше разговарано и за мерките кои што би можеле да бидат ставени во примена против земјите кои Ерусалим го прогласија за главен град на Израел.

Нагласувајќи дека муслиманите се одлучни да не отстапат од своите права во светиот град Ерусалим (Кудс-и Шериф), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „ Никако нашата прва кибла нема да ја препуштиме на милоста на една држава која се храни со крв. солзи и окупација.“

 



Слични вести