Посетата на Ердоган на БиХ на насловните страници на сите денешни весници во оваа земја

На денешните насловни страници на весниците во Босна и Херцеговина му се одделува широко место особено на говорот што претседателот Ердоган го одржа пред европските Турци на шестиот редовен конгрес на Унијата на европските турски демократи (УЕТД)

975580
Посетата на Ердоган на БиХ на насловните страници на сите денешни весници во оваа земја

Еднодневната посета која што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја оствари вчера на Босна и Херцеговина зазеде место на насловната страница на сите весници кои што се објавуваат во оваа земја.

На денешните насловни страници на весниците во Босна и Херцеговина му се одделува широко место особено на говорот што претседателот Ердоган го одржа пред европските Турци кои на шестиот редовен конгрес на Унијата на европските турски демократи (УЕТД) ја исполнија спортската сала Зетра во Сараево.

Едниот од најстарите весници во земјата „Ослобоџење“ во веста што ја објави на својата ансловна страница напиша дека во спортската сала која беше целосно преплавена со турски знамиња и знамиња на Босна и Херцеговина се наоѓаа приближно 20 илјади европски Турци и Бошаци кои допатуваа од различни градови на земјата.

Весникот „Независне Новине“ во веста посветена на посетата која што исто така ја објави на својата насловна страница истакна дека по попречувањето од страна на земјите на Европската унија (ЕУ) претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со турските гласачи се состана во Босна и Херцеговина и дека во Сараево им даде воодушевувачки пораки на Турците.

„Дневни Аваз“ едниот од највисокотиражните весници во земјата исто така во веста под наслов „Ердоган ја обвини Европа“ им оддели место на следните зборови на претседателот Ердоган на Генералното собрание на Унијата на европските турски демократи (УЕТД): „Во период кога паднаа на испит славните европски земји кои тврдат дека се колевка на демократијата Босна и Херцеговина ни овозможи да се состанеме овде, покажаа дека се демократи на збор а не на дело.“

Посетата на претседателот Ердоган на Босна и Херцеговина се најде на дневен ред и на колумнистите на весникот „Вечерњи Лист“.

Така во колумната под наслов „Ердоган ја даде пораката дека е спремен да стои пред Западот“ се нагласува дека претседателот Ердоган во Сараево се состана со европските Турци и ја даде пораката дека секогаш за него е отворена вратата веднаш на предната градина на Европа.“

Посетата која освен од страна на медиумите на Босна ио Херцеговина и Турција одблизу беше следена и од страна на меѓународните информативни органи, воедно беше следена директно во живо и од страна на сите големи телевизиски канали во Босна и Херцеговина така да со директните преноси кои што се емитуваа во текот на целиот ден случувањата во ист момент им беа пренесувани и на гледачите.



Слични вести