Интервју на премиерот Бинали Јилдирим за грчкиот весник „То Вима“

Премиерот Бинали Јилдирим во интервју за грчкиот весник „То Вима“ говореше во врска со пучистите кои по обидот за преврат на 15 јули 2016 година избегаа во Грција, а воедно направи проценка и на односите помеѓу двете земји

975355
Интервју на премиерот Бинали Јилдирим за грчкиот весник „То Вима“

Премиерот Бинали Јилдирим во интервјуто што го даде за грчкиот весник „То Вима“ направи проценка на односите помеѓу двете земји.

Јилдирим во врска со пучистите кои по обидот за преврат на 15 јули 2016 година избегаа во Грција рече: „Одлуката на грчката Комисија за азил за признавање на право на азил претставува еден друг извор на разочараност. Спротивно на тоа го дочекуваме позитивно приговорот на грчката влада на оваа одлука.“ 

Премиерот Бинали Јилдирим во интервјуто во врска со пучистите кои по обидот за преврат на 15 јули 2016 година на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО избегаа за Грција и сега бараат азил во оваа земја го рече следното:

„Овие лица зазедоа активна улога во обидот за преврат кој доведе до гинење на недолжни луѓе и ранување на голем број луѓе. Нивната цел беше избраниот претседател. Овие лица откако сфатија дека не успеаја да ја соборат демократски избраната влада, оваа група составена од 8 лица незаконски избегаа со хеликоптер.“

Привлекувајќи внимание кон тоа дека грчката правда во спротивност со меѓународното право, принципите и правилата ги остава овие лица без казна и го прекршува правото на жртвите на обидот за преврат, Јилдирим рече: „Одлуката на грчката Комисија за азил за признавање на право на азил претставува еден друг извор на разочараност. Спротивно на тоа го дочекуваме позитивно приговорот на грчката влада на оваа одлука.“

Освен тоа Јилдирим се осврна и на прашањето со двајцата грчки војници кои откако ја преминаа границата во забранетата воена зона беа фатени, во врска со што рече: „Постапката која што се применува кон нив е иста како кон секој оној кој ќе ги прекрши турските закони. Нелогично е да се очекува привилегирано однесување кон овие војници. Надлежните ги испитуваат дигиталните докази од телефоните кои што ги носеле војниците.“ 

Осврнувајќи се и на спорните прашања помеѓу двете земји во Егејското Море, премиерот Бинали Јилдирим истакна дека Грција применува став со кој Егејот целосно го смета за грчко море и продолжи со следните зборови: „Затегнатоста не може да се надмине само со напорите на Турција. И двете страни се свесни за чувствителноста на спротивната страна. Треба да сфатиме дека смиреноста е во интерес и на двете страни. Да се избегнува од создавање на проблем е друго, да се менува тезате е друго. Од грчката страна, вклучувајќи ги и медиумите очекуваме да применуваат позрел став.“

Јилдирим нагласи дека е во блиска соработка со грчкиот премиер Алексис Ципрас и дека постојаниот дијалог ќе придонесе за да се избегне од затегнатост.

„Тогаш кога се сруши воен авион во Егејот веднаш го побарав по телефон и го изразив моето сочувство.Во 2017 година 921 илјада турски граѓани ја посетија Грција. Турција пак ја посетија 595 илјади Грци. Развојот на односите помеѓу двете земји ќе помогне во надминувањето на предрасудите.“ - рече Јилдирим.

Освен тоа премиерот Бинали Јилдирим напомена дека енергетските проекти како што се ТАНАП и ТАП преку кои азербејџанскиот природен гас ќе се пренесува во Европа, одигруваат значајна улога во развојот на односите помеѓу двете земји.

Во врска со Кипарското прашање пак, Јилдирим рече „Кипарските Грци не можат да ја поднесат политичката еднаквост на кипарските Турци“ и истакна дека поради тоа сите напори од 1968 година досега остануваат без решение. 

Нагласувајќи дека решението ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Источниот Медитеран, премиерот Биналио Јилдирим во врска со едностраните активности на кипарско-грчкиот дел за пребарување на јаглеводороди го рече следното: „И ова прашање е пример за тесногледоста на кипарските Грци. Кипарските Грци се однесуваат како целиот остров да е нивен и ги изоставуваат од вид правата на Турците. Турција ќе продолжи да ги брани како правата на кипарските Турци така и нејзините права.“

 



Слични вести