Турција ќе продолжи со поддршката на развојот на Босна и Херецогивна

Турција никогаш нема некоја тајна агенда кога станува збор за просперитетот, единството и економскиот развој на БиХ

975055
Турција ќе продолжи со поддршката на развојот на Босна и Херецогивна

Во врска со тврдењата за атентат на Балканот, претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„Оваа информација ја примив и јас. Затоа сум тука.“

Во рамките на еднодневната посета на Босна и Херцеговина, претседателот Ердоган одржа средба со претседателот на трипартитното претседателство на БиХ Бакир Изетбеговиќ.

Двајцата лидери најпрвин одржаа тет-а тет средба, а веднаш потоа претседаваа со меѓуделегациските преговори и одржаа заедничка прес конференција.

Во врска со тврдењата за атентат на Балканот, претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека информацијата за тоа му била доставена од страна на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ).

„Оваа информација ја примив и јас. Затоа сум тука. Овој вид закани, операции не можат да не откажат од зацртаниот пат“.

Во продолжение Ердоган рече:

„Ако илјадници луѓе од различни делови на Европа доаѓаат овде, сакаат да се видат со саканиот лидер, неможноста да им го пружам тоа задоволство не е правилен приод. Ние со овие луѓе ќе се состанеме на овие простори. Ние имаме многу поразличен план. Кога излегуваме на пат, ние продолжуваме по зацртаниот пат исто како што тоа е случај со 15 јули“.

Турција никогаш нема некоја тајна агенда кога станува збор за просперитетот, единството и економскиот развој на БиХ, рече Ердоган осврнувајќи се на борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). Во тој контекст Ердоган рече дека ФЕТО продолжува да опстојува во сите сфери на општеството слично на октопод.

Борбата против оваа терористичка организација навистина налага големи напори. Во најскоро време очекуваме успешен исход во окончувањето на активностите на ФЕТО во БиХ. Затоа сме отворени на секој вид соработка.

Во освртот на трговијата и трговската размена меѓу Турција и БиХ, Ердоган рече дека целта е да се постигне бројката од една милијарда долари. Затоа постои силна волја кај двете страни.

Во рамките на посетата на  Сараево, претседателот Ердоган во својство на почесен гостин ќе учествува на 6-от Конгрес на Унијата на европските турски демократи во која прилика ќе одржи и говор.

Ердоган ќе учествува и на свеченото доделување на титулата почесен доктор на науки која ќе му биде врачена од страна на Меѓународниот универзитет во Сараево.



Слични вести