Ердоган допатува во посета на Босна и Херцеговина

Ердоган посетата на БиХ ја започнува со состанокот во Претседателството на БиХ

975004
Ердоган допатува во посета на Босна и Херцеговина

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган допатува во работна посета на Босна и Херцеговина.

Ердоган на Меѓународниот аеродром во Сараево беше пречекан од страна на претседавачот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ.

Во посетата на БиХ, допатува и сопругата на претседателот, Емине Ердоган, заменик-премиерот Хакан Чавушоглу, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за младина и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш, министерот за транспорт, поморство и комуникација Ахмет Арслан и претседателот на Управата за верски работи на Турција Али Ербаш.

Ердоган посетата на БиХ ја започнува со состанокот во Претседателството на БиХ. По заедничка фотографија, најавена е тет-а-тет средба на претседавачот на Претседателството на БиХ и претседателот Ердоган, како и состанок на делегациите на двете земји.

По состанокот ќе биде одржана и конференција за печатот на која ќе се обратат Изетбеговиќ и Ердоган. Претседателот Ердоган по состанокот во Претседателството на БиХ ќе положи цвеќе на гробот на првиот претседател на БиХ Алија Изетбеговиќ, а потоа ќе присуствува на 6-от по ред Конгрес на Унијата на европско-турските демократи (УЕТД), кој ќе се одржи во Олимписката сала „Хуан Антонио Самаранч“ во Сараево.

По Конгресот, претседателот на Република Турција ќе го посети и Интернационалниот универзитет во Сараево каде што ќе му биде врачена титулата почесен доктор на науки.

Во текот на денешната посета предвидена е прошетка низ Стариот Град на Сараево.



Слични вести