Турција нема да дозволи да се промени статусот на Ерусалим

Сите земји треба да ја ставиме раката под камен и да ги преземе потребните активности за изнаоѓање и постигнување трајно мировно решение на палестинското прашање

973916
Турција нема да дозволи да се промени статусот на Ерусалим

Исламските земји ќе се изјаснат дека се против измената на историскиот статус на Ерусалим.

Израелскиот масакр врз Палестинците кои одржаа мировни протести против пренесувањето на амбасадата на САД од Тел АВив во Ерусалим предизвика револт во светот.

Во Истанбул стартува вонредната Конференција на Организацијата за исламска соработка (ОИС) која беше свикана на повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган по последните случувања во Палестина.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во поздравниот говор на свеченото отворање на конференцијата рече:

„Сите земји треба да ја ставиме раката под камен и да ги преземе потребните активности за изнаоѓање и постигнување трајно мировно решение на палестинското прашање. Затоа треба да бидеме единствени и треба да ги спречиме другите земји да го следат примерот на САД“.

Чекорот што го фрли САД нанесе голема штета на Блискоисточниот мировен процес, рече Чавушоглу потенцирајќи дека  САД со пренесувањето на амбасадата од тел АВив во Ерусалим предизвика голема провокација, Дојде време да заврши процесот на израелските окупации и насилства. Треба да се ангажираме и да ги преземеме сите потребни мерки Израел да поднесе сметка за сите насилства и злосторства. На чело со ОН сите меѓународни институции и организации треба да ги преземат сите потребни активности и мерки на тоа поле. На палестинските браќа исто така треба да им обезбедиме и економска поддршка.

Турција го проколнува последниот израелски масакр во Палестина и уште еднаш јавно ја изразуваме нашата поддршка на палестинските браќа. Сите заедно ќе се изјасниме дека нема да дозволиме никакви измени во врска со статусот на Ерусалим, рече Чавушоглу.



Слични вести