На Самитот на ОИС во Истанбул ќе учествуваат претставници на над 40 исламски земји

Вонредниот состанок ОИС во Истанбул се одржува на повик на претседателот Реџеп Тајип Ердоган по последните случувања во Ерусалим

973637
На Самитот на ОИС во Истанбул ќе учествуваат претставници на над 40 исламски земји

На денешниот вонреден Самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул кој се одржува на повик на Турција и кој ќе биде посветен на случувањата во Ерусалим ќе учествуваат претставници на над 40 исламски земји.

По последните случувања во Ерусалим, на вонредниот состанок ОИС во Истанбул кој се одржува на повик на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе учествуваат 13 шефови на држави, 2 потпретседатели, 3 вицепремиер, 12 министри за надворешни работи како и највисоки дипломати и шефови на мисии од 11 земји.

На ниво на претседатели и шефови на држави на Самитот Иран ќе биде претставен од страна на претседателот Хасан Рохани, Авганистан од страна на претседателот Ешреф Гани, Јордан од страна на кралот Абдула Втори, Судан од страна на претседателот Омер ал-Бешир, Гвинеја Бисао од страна на претседателот Хозе Марио Ваз и Гвинеја од страна на претседателот Алфа Гонде, Катар од страна на емирот Шеик Темим Бин Хамед Ал Сани, Кувајт од страна на емирот Шеик Сабах ал Ахмед ал Џабир ес Сабах, Мавританија од страна на претседателот Мухамед Велед Абдулазиз, ТРСК од страна на претседателот Мустафа Акинџи, Пакистан од страна на премиерот Шахид Хакан Абаси и Киргистан од страна на премиерот Мухамедкалиј Абилгазијев.

Индонезија ќе бие застапена од страна на потпретседателот Јусуф Кала, Гамбија од страна на потпретседателот Аја Фатоумата Тамбајанг, ТРСК од страна на потпретседателотна владата и министер за надворешни работи Кудрет Озерсај, Сомалија од страна на потпретседателот на владата Мехди Мухамед Џулид, Јемен од страна на потпретседателот на владата и министер за надворешни работи Абдулмелик ал Михлафи.

Во рамките на состанокот на Организацијата за исламска соработка, во Истанбул допатуваа палестинскиот премиер Рами ал Хамдалах и Генералниот секретар на ОИС Јусуф Ахмед ел Усејмин.

Во нападот на израелските војници во понеделник врз Палестинците кои одржаа протести против пренесувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим и одбележувањето на 70-та годишнина на Накба (Големата катастрофа), загинаа 62 Палестинци, а над 3 илјади лица беа повредени.



Слични вести