Ердоган: Светот падна на испитот за Ерусалим

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган говореше денеска на митингот за поддршка на Палестинците организиран во истанбулската населба Јеникапи под наслов „Осуда на суровоста, поддршка за Ерусалим“

974337
Ердоган: Светот падна на испитот за Ерусалим

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска на митингот за поддршка на Палестинците организиран во истанбулската населба Јеникапи под наслов „Осуда на суровоста, поддршка за Ерусалим“ истакна дека доколку не ја заштитат својата прва кибла, тогаш нема да бидат во можност со сигурност да гледаат кон иднината на нивната последна кибла.

„Ерусалим не е само град, Ерусалим е еден симбол, тој е тест, порача Ердоган пред насобраните граѓани во Истанбул. Ердоган рече дека од 1967 година Обединетите нации молчат за окупацијата на Ерусалим и дека со немото набљудување станале соучесник.

„ Зошто зборуваме дека ‘Светот е поголем од 5’, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН? Во светот, кој е заробен меѓу двете усни на Америка, не може да види ништо друго освен насилство. Затоа ние порачуваме: За насилниците, нека живеее пеколот“, порача Ердоган.

Тој истакна дека светот паднал на испитот за Ерусалим.

„Доколу сиот свет и муслиманите се обединат против оваа суровост, тогаш лобито на кое се потпира Израел нема да биде доволно за да се одржи оваа ароганција“, рече Ердоган. Тој апелираше до израелскиот народ да преземе нешто против сопствената власт.

„Го повикуваме израелскиот народ да се спротивстави на катастрофата во која го вовлекува сегашната власт“, рече Ердоган. Тој нагласи дека САД со последната одлука за префрлување на амбасадата, удрил на светоста на Ерусалим. „Израел од 1947 година го прави она што сака, а и денеска тоа го прави со иста безобзирност. Не можеме да го игнорираме тоа. Еве и со последната одлука на САД се удира на светоста на Ерусалим. Ал Акса е се повеќе опседната од радикалните ционисти. Џамијата во Хеброн сѐ уште е окупирана, а ние не правиме ништо освен што го осудуваме тоа“, рече Ердоган.

На големиот митинг на поддршка на Палестина во истанбулската населба Јеникапи под наслов „Осуда на суровоста, поддршка за Ерусалим“, во организација на турски невладини организации, учествуваа илјадници граѓани.



Слични вести