Честитка на Ердоган по повод 19 мај Празник на младоста и спортот

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган објави честитка по повод 19 мај Ден на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот.

974192
Честитка на Ердоган по повод 19 мај Празник на младоста и спортот

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган објави честитка по повод 19 мај Ден на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот.

Ердоган во честитката истакнува дека 19 мај 1919 како симбол на почетокот на ослободителната војна беше ден кога турскиот народ ја објави својата слобода, борба за слобода и светла иднина на целиот свет.

Ердоган во честитката вели:

„Факелот на слободата запален во Самсун,беше предвесникот на слободата на нашиот народ. Оваа борба реализирана во братство и единство на народот, со голема решителност и верба беше крунисана со формирањето на републиката. Народно ослободителната војна која се водеше за ослободување на татковината од окупаторите и за зачувување на нашето славно знаме, се претвори во пример и за останатите народи во нивната борба за слобода и независност.

Прогласувањето на 19 мај ,симболот на борбата за слобода за Празник на младоста и спортот на најдобар начин го илустрира значењето кое државата им го придава на младите, гаранција за иднината и надежта на народот.

Младината задоена со свеста за слобода, негување на историските придобивки, приврзаноста кон националните вредности е најдобриот камен темелник на напорите земјата да ги достигне вредностите на врвните цивилизации.Ние сме горди што како знак на нашата доверба во младите прагот за избор на пратеник го симнавме на 18 години.

Чувствувам големо задоволство кога гледам дека младите сеуште го чуваат духот и цвртстата воља и верба на нивните славни предци .Сосема сме убедени дека младите генерации кои ги поддржуваме на сите начини и со сите средства ќе ја зачуваат оваа наша татковина,која ни ја дадоа нашите предци, воедно и дека ќе ги зачуваат основните придобивки на борбата за слобода,како што се слободата и светлата иднина.

Упатувам искрени честитки до сите младинци по повод 19 мај Ден на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот, им изразувам голема слава и почитување на сите наши херои на чело со Гази Мустафа Кемал и неговите браќа по оружје кои го положија животот за оваа славна татковина и за слободата на народот. Воедно им упатувам срдечни поздрави на сите наши граѓани. “се истакнува во честитката на претседателот Реџеп Тајип Еродган.

 

 

 



Слични вести